Владата планира за 40% да ги покачи платите на своите најблиски соработници – првите луѓе во кабинетите на министрите и градоначалниците.

Владата планира за 30 до 40 проценти да ги покачи платите на своите најблиски соработници – првите луѓе во кабинетите на министрите и градоначалниците, пишува Телма.

Измените на Законот за вработени во јавниот сектор се на ЕНЕР и чекаат забелешки. Се планира до крајот на годината да поминат на Влада, и да го фатат последниот воз да бидат усвоени предизборно, пред распуштањето на Собранието. Министерот Манчевски вчера во емисијата „Топ Тема“ на „Телма“ ги потврди плановите, а потребата од толкаво зголемување ја правдаше со ставот дека тие луѓе биле 24 часа на работа, пишува Телма.

Зошто е потребата од ваквите зголемувања?

Да, зошто овие луѓе се 24 часа на работа. Ограничен е бројот на кабинетските службеници шест, тројца што доаѓаат внатре од институциите и тројца надворешни, вели министерот Дамјан Манчевски.

Законот предвидува шефот на кабинет на министерот да зема плата како државен советник покачена за 40 проценти. Или од сегашните над 36.700 да добие плус речиси 14.700 денари и вкупно да зема околу 51.300 денари.

error: Content is protected !!