Како забраната за работа на продавниците во недела ја зголемува невработеноста – примерот со Delta City

Во Македонија подолго време се заговара недела да биде ден во која ниту една продавница нема да работи. Да не се повикуваме за искуствата во САД и западна Европа, ќе земеме пример од нашето блиско опкружување, а тоа е Црна Гора.

Имено Delta City најголемиот трговски центар (мол) во Подгорица, извести дека само за три месеци, откако во Црна Гора стапи во сила забраната за работа во недела, закупцижите на нивниот простор забележале пад на прометот од 18% и отпуштиле вкупно 80 работници. Внимавајте овие бројки се однесуваат само за овој мол.

Падот на прометот првенствено се однесува на малопродажбата на облека, но кај супермаркетите со прехрамбени производи пад не е забележан.

-Досега 80 луѓе останаа без работа. А тој број ќе се зголемува заедно со процесот на оптимизација на работни места, кој е во тек. Тоа што луѓето што го донесоа законот не го земаа во предвид е специфичноста на трговските центри, кои повеќе претставуваат дел од туристичката понуда на секоја дестинација. Во овој случај на градот Подгорица, изјавуваат од Delta City.

На туристите и жителите на Подгорица шопинг центарот е најдостапен во текот на викендот, кога не работат. Поради тоа се повеќе жители на Црна Гора и нејзините туристи, во недела одат на шопинг преку граница.

-Приметен е зголемен тренд на одење на граѓаните на шопинг во Скадар, Требиње и Дубровник, особено кога станува збор за малопородажба на облека, додаваат од Delta City.

Компаниите кои управуваат со трговските центри во Црна Гора побарале, од Унијата на работодавачи да покренат иницијатица за оценување на уставноста на овој закон, пренесува црногорски investor.

И така “грижата” на политичарите за своите граѓани само во еден трговски центар остави 80 луѓе на улица, со тенденција оваа бројка да се зголемува, а каде се другите продавници? Колку тие заедно оптуштиле луѓе поради намален промет? А од друга страна  најблиските градови околу Црна Гораа имаат зголемен девизен прилив, бидејќи во недела таму ги трошат своите пари црногорските граѓани.

error: Content is protected !!