Само 10% од барањата на странските инвеститори до Владата се исполнети

Само 10 проценти од барањата на Советот на странски инвеститори кои лани ги адресираа до Владата се исполнети, на 50 проценти се работат, а за останатите се преговара.

Цел владин економски тим денеска е на средба со околу 130 странски инвеститори во земјава да ги слушнат нивните забелешки и барања, пред да ги објават во официјалниот документ Белата книга.

-Како Влада ги изнализиравме сите нивни предлози, направивме пресеци, а денеска, на овој состанок ќе дискутираме кои се оние што досега се реализирани и што останува пред нас како предизвик, секако, пред да ја публикуваат нивната Бела книга за 2019 година. Сега ја анализиравме онаа што ја издадоа за 2018-та и сметам дека сме во добра стартна позиција зашто околу десетина проценти се веќе реализирани од нивните предлози, а дополнително околу 50-на се во процес зашто голем дел од регулативата е во трудовото законодавство. Тоа се безбедност и здравје при работа и новиот закон за работни односи кој го работевме заедно со стопанските комори. Голем дел од оние барања кои се поставени во Белата книга веќе се адресирани во новото законско решение кое очекуваме да биде ставен во собраниска процедура по составот на новата влада, рече Царовска.

error: Content is protected !!