И новиот Џејмс Бонд стана жртва на коронавирусот

Новиот Џејмс Бонд филм „Нема време да се умре“ кој својата премиера требаше да ја има во април, поради претпазливост и голема загриженост позрзана со коронавирусот ја одложи својата премиера до 12 ноември во Велика Британија и 25 ноември во САД, објави Hollywood Reporter.

„Нема време да се умре“ е првиот блокбастер што стана жртва на коронавирус. Одлуката за одложување на најновиот Џејмс Бонд филм е заеднички на MGM, Universal, продуцентите Мајкл Вилсон и Барбара Броколи и другите продуценти на серијалот, објави официјалниот Твитер акаунт на 007 серијалот.

error: Content is protected !!