Вработените во „Дрекслмајер”остануваат дома: Нема нарачки, нема производство

Одложено е продолжението на производство во германската фабрика „Дрекслмајер” во Кавадарци, поради коронавирусот.

Претходно, најголем дел од околу 5.000 работници беа пуштени на колективен платен годишен одмор, како превентива од Ковид-19.

-Поради актуелната состојба со ширењето на коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи почетокот на производството. „Дрекслмајер” ги испорачува во точна секвенца и определено време токму оние автомобилски компоненти што во одреден момент ги нарачуваат автомобилските производители. Доколку нема нарачки од клиентот, не се одвива производствениот процес и не се произведуваат залихи. Повторниот старт ќе зависи од развојот на ситуацијата со светската пандемија, но и од развојот во автомобилската индустрија.Веднаш штом нашите клиенти ќе започнат со нарачки на автомобилски делови, соодветно ќе ги рестартираме производствените капацитети, додаваат од фабриката во која работат работници од повеќе општини, нагласуваат од фабриката за МИА.

error: Content is protected !!