Владата наместо 87 милиони евра ќе се задолжи 175 милиони евра од ММФ

Кога власта го презентираше првичниот план за задолжувања, беше посочено дека тоа ќе се прави од три места. Едното беше токму ММФ, но очекувањата беа да се одобри сума од 87 милиони евра.

„Планирано е да се повлечат 87 милиони евра од фондовите на ММФ на кои имаме право како членка“, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска на прес-конференција на 22 март.

Најновата информација е дека ММФ позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19.

Информацијата според која ММФ позитивно одговорил на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот, Владата ја усвоила на денешната седница.

Притоа , Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка на Република Македонија да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.

error: Content is protected !!