Просечниот месечен приход на повеќе од 70% од Русите не надминува 308 евра
Просечниот месечен приход на повеќе од 70 отсто од Русите не надминува 25 илјади рубљи (околу 308 евра), додека 45 отсто од граѓаните имаат приход од 15 илјади рубљи (188 евра), се наведува во заедничката студија спроведена од осигурителната компанија „Росгосстрах” и Центарот за наука и технологија „Перспектива”, спроведена во јуни.
Повеќето жители со приход од 15-25 илјади рубљи се во регионот Хабаровск (50 отсто), Москва (43,8 отсто) и Белгород (41,7 отсто).
Според истражувањето, еден од петмина Руси пријавил „значително” намалување на приходите за време на пандемијата, а еден од десет целосно ги загубил приходите.
