За само 6 месеци речиси 40.000 луѓе останаа без работа во Македонија!
Во Македонија за шест месеци од крајот на февруари до август, поради економските последици предизвикани од Ковид-19, во Македонија без работа останаа 38.943 лица.
Само во август годинавa Агенцијата за вработување регистрираше нови три илјади невработени.
Бројките од Агенцијата за вработување покажуваат дека во август бројот на невработени лица во земјава достигнал 144.759 невработен што претсавува зголемување на бројот за 38.943 лица, во однос на февруари кога 105.816 лица биле невработени.
