Досега четири инвеститори пројавиле интерес да добијат статус на стратешки инвеститори во Македонија

Досега 4 инвеститори пројавиле интерес да добијат статус да бидат сратешки инвеститори во Македонија, објави Алсат.

Од нив една е домашна комапнија останатите три се странски. За стратешки инвеститори ќе се сметаат оние кои ќе реализираат ивестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територијата на земјава, односно најмалку 50 милиони евра во градовите, и најмалку 30 милиони во селата. Секој инвестициски проект ќе треба да биде изгласан во Собранието за потоа да почне со реализација.

„Секоја потенцијална инвестиција ќе се третира посебно, односно компанијата ќе доставува до Владата предлог на проект и барање на бенифиции и овласувања. Истите Владата ќе ги евалуира и доколку се прифатливи за двете страни за секој од нив Владата ќе носи посебен закон за секоја стратешка инвестиција“, рекоа од Владата.

Стратешките инвеститори според Владата нема да добиваат бенифиции дополнителни од веќе законски утврдената државна помош, туку само ќе имаат побрз процес за добивање на дозволите со што ќе ги избегнат бирократските процедури. Рокот за аплицирање на инвеститорите кои сакаат да добијат статус стратешки трае до 31 јануари 2021.

Во Хрватска ваков закон функционира од 2003 година, има околу 20 стратешки инвеститори.

error: Content is protected !!