Нови рестрикции: На една маса максимум до 4 лица и ограничена јачина на музиката

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека Владата на вечерашната седница ги прифатила предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на 4.

„Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека дискотеките и ноќните клубови немаа, односно во ниту еден момент не добија дозвола за работа. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 децибели за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица”, рече Филипче во изјава за ТВ 21.

error: Content is protected !!