Со 5G мрежа најмалку еден македонски град ќе биде покриен до 2023 година

Автономни возила, паметни градови, операции и дијагностика кај пациенти на далечина, машини што управуваат со други машини, поврзани дронови се само дел од придобивките кои ќе ги имаме со 5Г мрежата.

„До крајот на 2020 година се подготвуваме за студија за изводливост за изградба на национална оптичка мрежа имаме реализирано контакти и за овој дел од програмата, а до 2023 година во програмата ни е целосна покриеност на најмалку еден град со 5Г сигнал, до крајот на мандатот ќе обезбедиме покриеност на 70% од главните коридори и патна мрежа на државата со 5Г сигнал“, вели за ТВ21, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири

За се ова е предвидена контрола и соодветна регулатива која ќе гарантира безбедност на граѓаните , убедува министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во емисијата 21 Tech.

error: Content is protected !!