Ќе се прифаќаат електронски фактури – ќе се менува законот за ДДВ

Со измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата, се предвидува за издавање, пренос и прием на фактура, да може да се користи фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат.

Од страна на Владата пролетоска беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност која се применуваше за време на траењето на вонредната состојба, со која даночните обврзници имаа можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма, со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19.

error: Content is protected !!