Државата на приватните компании им должи повеќе од 300 милиони евра

За неплатени фактури издадени за јавните претпријатија, државата на приватните компании им должи повеќе од 300 милиони, покажа анализата на Сојузот на стопански комори.

„Не само што не може да си ги наплатат средствата, туку влегуваат во голема дупка со оглед на тоа што го плаќаат данокот на државата иако немаат наплатено фактури, а потоа државата во неможност да ги собере сите средства, повторно бара спас од стопанството каде врши дополнителен притисок што сега се наоѓа во поголема криза“, изјави Грозданов од Сојузот на стопански комори за ТВ Алфа.

И од Стопанската комора ја потврдуваат истата ситуација. „Постои проблем на наплата на компаниите од субјекти од јавен сектор. Не се должи на една или две компании, туку тоа е една состојба којашто постои неколку години наназад. Токму поради тоа како комора сме реагирале со повеќе иницијативи. Бараме измена на член 218 од Законот за извршување што го кочи процесот на наплата. Имаме ситуации и кога добиени судски пресуди нема можност за извршување“, додава Елена Милевска Штрбевска од Стопанската комора.

error: Content is protected !!