Намален e бројот на работници во индустријата во септември
Бројот на работници во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е намален за 4,7%.
За толку е намален бројот на работници во индустријата и во периодот јануари – септември годинава, во однос истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници во септември годинава во однос на септември минатата година се намалил за 0,7%, во Преработувачка индустрија за 5,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември минатата година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7%, Капитални производи за 4,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7%и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%.
