Kомпаниите од ТИРЗ доставија 21 предлог до владата

На денешната седница компаниите доставија 21 предлог со кои сметаат дека нивната работа ќе биде поефикасна, а воедно ќе се поедностават одредени административни процедури.

Покренати се иницијативи од областа на одредени услуги кои се овозможуваат да ги користат компаниите во технолошко-индустриските развојни зони, понатамошно унапредување во делот на меѓународните трговски договори на Македонија, како и работењето во индустриските -зелени зони лоцирани во општините. Овие теми се дополнување на главните тематски области на досега одржаните седници кои беа од областа на: животна средина особено во делот на решавање на различен вид на отпад, царинското работење во и надвор од технолошко-индустриските развојни зони, работните односи, образование и обука, мерки на вработување на работна сила, финансиско и девизно работење, меѓународен сообраќај, работни дозволи и престој на странци.

Владимир Пешевски посочи дека компаниите кои функционираат во Технолошко индустриските развојни зони и другите странски компании имаат особено големо влијание во целокупниот економски раст на земјата. Според плановите за развој на компаниите бројот на вработени во овие компании во наредниот период ќе достигне 34.000 лица.

Пешевски потенцираше дека седниците на Економскиот совет се одлична можност да се слушнат искуствата на мултинационалните компании кои имаат инвестирано во Македонија, и да се изнајде можност истите да се модифицираат и имплементрираат во домашната легислатива со што ќе се придонесе за креирање на подобри бизнис услови и кон повисок економски раст на Република Македонија.На седницата Економскиот Совет освен претставници на странските компании, за првпат, присуствуваа и претставници на две домашни компании Хај Тек Асембли Центар и Технопласт, кои ги започнаа своите инвестициски проекти во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје.

На досегашните 24 седници, вклучувајќи ја и денешната, компаниите доставија над 100 предлози и иницијативи, од кои целосно се имплементирани околу 70%, а останатите се во тек на реализација.

error: Content is protected !!