Google анализа: YouTube огласите се поефикасни

Google во својата анализа дојде до заклучок дека YouTube огласите имаат 77% подобар поврат на инвестицијата од ТВ огласувањето.

Google уште еднаш отвори оган по децении старото ТВ огласување со тврдењето дека огласите кои ги нудат на YouTube имаат поголема моќ за убедување на гледачот да го купи производот. Matt Brittin од Google на конференцијата за рекламирањe Advertising Week ќе објави како 77% од времето YouTube огласите биле поефикасни од ТВ огласите, објави Guardian кој дојде до овој извештај.

Интернет гигантот направи анализи на 56 студии на случај на брендовите од шест различни индустрии во осум европски земји во периодот измеѓу 2013 и 2016 година, тие податоци им покажале поголем поврат на инвестицијата на YouTube.

Lucien van der Hoeven од MarketShare кажува дека без разлика што TВ има силно влијание во дигиталното време, во дигиталното видео и понатаму не се вложува доволно во категориите кои се мерени во Велика Британија, Франција и Германија. Поради тоа Matt Brittin советува дека огласувачите треба да трошат шест пати повеќе на YouTube ако сакаат вистински резултати од тие вложувања. Од Маркетинг ТВ куќата Thinkbox, па кажуваат дека “телевизијата гради брендови подобро од било кога и прави најголем профит” . Додаваат и дека големите огласувачи се заинтересирани да вложуваат во топ емисиите како најновите серии во однос на разно популарните YouTube видеа.

Debbie Weinstein од Google изјави за Business Insider како овде не се работи за војна со ТВ индустријата, туку да се одговори на потребата на клиентот на најдобар начин да го потроши доларот за огласување со сите предности кои се случуваат во медиумскиот простор.

Од друга страна студијата покажала дека клучната публика( младите од 16 до 24 години) на кои целат огласувачите, повеќе не гледа ниту ТВ, туку ги обожаваат YouTube снимките. Покрај тоа, младите денес повеќе време поминуваат гледајќи online содржини од класичната ТВ програма. Резултатите идат во прилог на Google бидејќи приходите пораснаа за 40% во однос на претходната година, пренесува TNW.

error: Content is protected !!