Android и понатаму доминира на мобилниот пазар
Мобилниот оперативен систем на Google и понатаму доминира на пазарот на паметни телефони, и во првиот квартал забележа раст во речиси сите региони кои ги следи истражувачката компанија Kantar Worldpanel ComTech. Во САД уделот на Android во smartphone сегментот порасна за 7,3 процентни поени во однос на минатата година и сега изнесува 65,5 проценти.
Во Европа во државите на таканаречената ЕУ петорка (Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија) уделот на Android е зголемен за 7,1 процентен поен и изнесува 75,6 проценти. И во Кина, Android исто така има пораст од 5,9 процентни поени и изнесува 77 проценти.
Од другата страна кај Apple, па ситуацијата не е така розева. Во САД, Apple падна за 4,9 процентни поени, на 31,6 проценти, во ЕУ петорката Apple падна за 1,2 процентни поени, на 18,9 проценти, а во Кина падот изнесува 5 процентни поени и уделот сега е 21,1 проценти. Apple e ранлив затоа што продава само iPhone (без разлика што е во различни верзии) додека Android може да се потпре на големиот избор на телефони и различните цени и на тој начин да дојде до поширока публика.
“Ова е најсилниот раст за Android во ЕУ петорката во последните две години”. изјави мобилниот аналитичаr Lauren Guenveur од Kantara .
Во Велика Британија, Samsung остана доминантен, a во САД растот на Android доаѓа од страна на Samsung, Motorola и LG.
Но во земјите како Италија и Франција, корисниците ги избраа Huawei, Wiko и Asus. Apple својата шанса ја гледа во iPhone SE кој би можел да ги промени сегашните резултати. Особено важна ќе биде продажбата на iPhone SE во Кина, објаснуваат аналитичарите.