Најновата Fortune 500 листа
Искочи најновата Fortune 500 листа, Walmart неприкосновен лидер
Само што се објави најновата Fortune 500 листа. Вкупно Fortune 500 компаниите претставуваат 2/3 од американскиот GDP со 12 трилиони долари во приходи, 840 милијарди долари во профити, пазарна вредности од 17 трилиони долари и вработуваат 27,9 милиони луѓе низ целиот свет. Неприкосновен лидер на листата e американскиот ланец на супермаркети Walmart, на второ место со двојно помали приходи е нафтениот гигант Exxon Mobil, а трет е технолошкиот гигант Apple, на четврто место е Berkshire Hathaway конгломератот на Ворен Бафет, додека Amazon е 18-ти, Microsoft 25-ти, а за Македонија е интересен податокот дека на листата на Fortune 500 се наоѓа и Johnson Controls на 70-то место која има свој фабрики во Македонија, уште една компанија која има вложено во Македонија а се наоѓа на Fortune 500 листата е Marriott International на 195-то место која има свој хотел во Скопје на градскиот плоштад со истото име. Еве ја листата на 20-те компании со најголеми приходи.
Целата листа на Fortune 500 ја имате тука.