Обука – Како до фондови со преку 50 милијарди долари?

Почитувани претставници од бизнис сектор, невладини организации, претприемачи, менаџери, студенти, иноватори, вработени, професори, вработени во јавна администрација, финансиери …

Повелете на 18ти Јуни 2016 год. во Битола, да земете учество на несекојдневната и ексклузивна обука за аплицирање во фондови кои располагаат со преку 50 милјарди долари со наслов „Како да добиете пари за својата идеја во 7 дена или помалку?“

Зошто? Бидејќи сите светски експерти учат дека парите се ресурс кој што го има во најголеми количини на планетава. Прашањето е: Каде се? Како до нив? На кој начин да ги ставам во функција на мојата идеја и бизнис?

Обуката е наменета за сите кои сакаат да најдат дополнителни финансии за реализација на своите идеи.

Што ќе добиете?
– Информации за над 30 некласични начини на финансирање кои се на располагање за реализација на секакви идеи,
– Практично знаење за пополнување на апликациите и конструкција на бизнис плановите,
– Мотивација за проактивност во вашето барање и искористување на овие фондови,
– Вмрежување со претприемачи, консултанти и институции,
– Материјали во пишана и електронска форма кои ќе може да ги користите во вашето натамошно работење.

Обучувач: Сем Вакнин, претприемач, писател на светскиот бестеслер „Malignant self love – Narcissism revisited”. Косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешен економски советник на влади и мултинационални компании на 3 континенти, вклучувајќи ја македонската Влада и Министерството за финансии на Република Македонија. Човек со брилијантен бизинс ум, огромно знаење и богато искуство во бизнис светот.

Важно: Обуката ќе биде на англиски јазик со обезбеден симултан превод на македонски.

Организатори: ЦЕФЕ Македонија, Регионална Стопанска Комора – Битола и Асоцијацијата на Менаџери на Македонија

Услови за учество и пријавување на http://bit.ly/alternative-financing и info@cefe.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!