Претставен новиот руски авион во многу работи подобар од Boeing и Airbus
Произведувачот тврди дека авионот може да покрие оддалеченост до 6400 километри, а оперативните трошкови на летот да бидат за 15% помали, во споредба со авионите на денешнава генерација.
Новиот руски патнички авион од среден домет кој беше претставен во Сибир, според извештаите на руските државни медиуми, треба да биде конкурентен на најголемите светски произведувачи Boeing и Airbus, а во многу работи и подобар ,и дека наскоро ќе се најде во флотата на руските и странските компании, објави Reuters.
На свеченото претставување на моделот на авионот наречен MS-21 присуствуваше и рускиот премиер Димитриј Медведев.
“Потполно сум уверен дека овој авион ќе биде гордост на руското цивилно воздухоплоство и дека нашите граѓани, како и странците, ќе уживаат летајќи во MS-21” изјави рускиот премиер при свеченото претставување на авионот кои се уште се наоѓа во тест фаза, а сериското производство би требало да започне следната година.
Авионот ќе биде понуден во две варијанти, поголемиот MS-21-300 за 160-211 патници, и помалиот MS-21-200 кои ќе може да прими од 130-165 патници. Спрема извештаите на државните медиуми компанијата Irkut веќе договорила многу договори со домашните и странските компании а авионите би требало да почнат да се испорачуваат во 2018 година.
Произведувачот тврди дека авионот може да покрие оддалеченост до 6400 километри, а оперативните трошкови на летот да бидат за 15% помали, во споредба со авионите на денешнава генерација.
“Овој авион не е направен од метали, туку од композитни материјали. Тоа нас ни овозможува да го обликуваме авионот на посебен начин. Значајно е полесен и поцврст, што е голем напредок во нашата авионска индустрија” изјави потпретседателот на компанијата Irkut, Владимир Волков.
