Приказната за талентот е оправдување за неуспехот, само работата го ствара генијот

Anders Ericsson професор на Florida State University и автор на бројни студии од разни области на психологијата, а највеќе за ,,усовршувањето со намера” или “паметното вежбање”.

Eriksson децении поминал проучувајќи ја моќта на вежбањето и работата во својата најнова книга, која ја работел заедно со Robert Pool, тој тврди дека ,,талент” е приказна која си ја кажуваме сами на себе да си ги оправдаме сопствените неуспеси или да ги заштитиме децата од можниот неуспех.

Toј ќе напише: ,,Ова е темната страна на верувањето на вродениот талент. Тоа може да создаде претпоставки дека некој луѓе имаат талент за нешто, а другите немаат, и дека тоа може порано да се воочи. Ако верувате во тоа ги охрабрувате и подржувате ,,талентираните” а ги обесхрабрувате останатите, исполнувајќи го пророштвото кое сте го самите поставиле…Најдобар начин да ја избегнете оваа грешка, е да го препознаете потенцијалот во сите нас- и да работите на тоа да пронајдете начини да ги развиете.”

Ericsson развил дури и хоби- истражувајќи ги приказните за ,, чудо од луѓе (деца)”, на пример Моцарт, Паганини… Тој и за тоа има коментар: “Можам со сигурност да кажам дека никогаш не сум нашол убедлив доказ за било кој да развил извонредни способности без интезивно, секојдневно вежбање и работа.”

На прашањето поставено на сајтот Npr.org дали е талентот мит – Ericsson ќе рече идејата дека некој луѓе се родени со дар е контрапродуктивна.  ,,Уште никого не сум запознал дека го пронашол тој свој ,,дар” “, објаснува тоj. Eriksson ја проучува оваа област веќе 30 години, и кога и да најдел примери на ,, талентирани деца” позади тоа уствари се криеле саати и саати во кои децата ,,вежбале со намера”. Што значи тоа? Тоа значи дека имате некој кој вас ве води,учи- тренер, учител, наставник… и кој со вас работи на тоа да ги поправите грешките, и да ја усовршите техниката- без разлика дали држите виолина или рекет.

Таткото на Моцарт бил пионир во креирањето на тренинзи за млади деца кои се усовршуваат во свирењето на музички инструменти. Моцарт вежбал на виолината од својата трета година.

error: Content is protected !!