Промоција на публикација со ресурси за млади претприемачи
Дојдете на промоција на публикација со ресурси за млади претприемачи, која ја подготвивме во соработка со институции, креативни хабови, технолошки инкубатори и претприемачи од пет земји од регионот и Велика Британија.
Публикацијата која ја промовираме произлезе од проектот „Поттикнување на младинско претпремништво во Западен Балкан“ кој го реализиравме изминатите осум месеци со поддршка на Британското министерство за надворешни работи. Покрај искуствата од проектот, публикацијата ја збогативме и со ресурси за стартап заедницата, настаните, ко-воркинг локациите и можностите за финансирање на претприемачите од Западен Балкан.
Свесни сме дека листата не е исцрпена, но може да биде добра основа за градење на професионалната мрежа.
Сите присутни ќе добијат примерок од прирачникот, кој може да се најде и на www.westernbalkanstartups.
23 Јуни Четврток од 15 до 16 часот
Локација: МКЦ клуб и ресторант