Бесплатна сесија во рамките на Обуката за подготовка на EU&US проекти
ПРОЕФЕКТ Ве поканува за учество во Обуката за подготовка на EU & US Проекти во просториите на ПРОЕФЕКТ. Термините за оваа обука се следните:
– 6 и 7 Јули 2016 (среда и четврток), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 6 Јули од 9:30 до 11:30.
– 9 и 10 Јули 2016 (сабота и недела), во рамките на која се организира и бесплатна сесија на 9 Јули од 9:30 до 11:30.
На бесплатните сесиси може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кој ќе се претставт сите 11 отворени повици за грант поддршка на EU и на USAID (со крајни рокови до 15 септември 2016) .
Обуката (и презентацијата) се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Зоран Стојковски, како главен обучувач за оваа тема со богато 20 годишно искуство во работа за меѓународни и домашни организации за грант поддршка.
Понудата вклучува дводневната обука за развој на проектни апликации и еден консултански ден за менторство (кој може да се распредели на 3-4 средби од по 2-3 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) од една од следниве Европски програми и други достапни инструменти (кои се отворени во моментов):
1. Horizon 2020 – EIT – 2016 Повик за предлог проекти на заедници на знаење и иновативност (KIC) Рок: 14 јули
2.EASI Програма – Подобрување на експертизата во полето на индустриските релации (Рок 15 Јули);
3. Мали грантови на Амбасадата на САД (Рок: 1 Август)
4. Creative Europe – МЕДИА – Дистрибуција на автоматска поддршка во дистрибуција на не-европски филмови – (Рок: 2 август);
5. Horizon 2020 – SOCIETAL CHALLENGES – Подобро користење на антибитиците-2015 (Рок: 17 Август)
6. Europe for Citizens- Мрежа на градови -2 Рок (Рок: 1 Септември)
7. Europe for Citizens- Побратимување на градови – 2 Рок (Рок: 1 Септември)
8. Horizon 2020: Напреден грант на ERC (Европскиот Истражувачки Совет) во области на: Физичките науки и инжинерство; Природните науки; и Општествените и хуманистичките науки (Рок: 1 Септември)
9. Erasmus+: Поддршка на спроведувањето на реформите во Европската високо образовна област-рестриктивен повик за предлог проекти (рок: 9 Септември)
10. Horizon 2020-JTI-IMI2-2015-08-SING
11. Грантови на Civica Mobilitas II (ад-хок и мали акциски грантови роковите се постојано отворени)
Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.
Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 20% попуст на котизацијата (или 7.600 мкд) за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци. Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај еден од нив ќе ја следи обуката бесплатно (т.е. ќе се плати само котизација само за двајца учесниции во вредност од 19,000 мкд).
Пополнетата апликација за учество (на следниот линк :http://goo.gl/forms/
Локација: Простории за Обука на ПРОЕФЕКТ (кај Католичка катедрала) во Скопје)