Паметни, вредни ама не и успешни? Еве каде се наоѓа проблемот
Целиот наш живот се водиме од тоа дека оние кои се трудат и работат на себе успехот сам им доаѓа. Сепак и вие сами знаете колку луѓе ова го прават, а немаат доживеано успех. Еве зошто е тоа така.
1. Не доаѓаат до нови луѓе
Попријатно е да се помине времето со старите пријатели и луѓе кои веќе доволно добро ги познаваме. Лошата страна од дружењето со истите луѓе е тоа што стално сте опкружени со истите идеи и начинот на размислување кои се повторува и затоа не можете да имате увид во другата страна на гледање на работите. Морате да излезете од зоната на комфорот и секоја недела да се претставите пред некој нови луѓе објави , “Addicted2Success”. Од новите луѓе што ќе ги запознаете ќе слушнете нови работи и ќе добиете нова енергија.
2. Имаат аверзија од промени
Кога сте долго во исто опкружување тешко ви е да се адаптирате на нешто ново. Промените ствараат шанса за напредок. Наместо да ги избегнувате промените пробајте да го извлечете најдоброто од нив. Ќе имате поинаква перспектива или ќе влезете во работа која има голем потенцијал. Можеби ќе дознаете нешто за себе за кое никогаш не сте биле свесни, во позитивна смисла. Бидете отворени за нов концепт.
3. Не сакаат да ризикуваат
Паметните луѓе често го бираат сигурниот пат. Младите често го бираат тоа што нивните врсници го бираат бидејќи тоа им е прифатливо и се угледуваат. Тие понатаму добиваат диплома и работат на работно место во кое имаат сигурност, ама тука нажалост паметните луѓе не се среќни. Сакаат нешто друго ама се плашат да пробаат. Кога и да треба да ризикувате и да размислите што да направите, замислете го вашиот живот за неколку години, замислете дека тоа не сте го направиле и пробајте да сфатите дали ќе осеќате каење или тага затоа што не сте имале храброст и не сте сакале да ризикувате.
4. Веруваат дека заслужуваат успех
Оние кои биле добри студенти се навикнале да бидат на врвот и нив им било јасно дека нивното залагање ќе биде претставено со успехот во нивниот просек. Тоа е добар заклучок, ама има негативни ефекти. Луѓето продолжуваат да очекуваат во животот да бидат успешни на основа на нивната интелегенција или способност да учат. Животот не функционира на тој принцип за жал, и не добивате резултати на тоа колку во нешто сте вложиле. Успесите се резултат на напорната работа, стратешкото размислување и малку среќа. На последниот фактор можете да влијаете работејќи на првите две.
5. Константно го следат она што моментално постои
Успешните луѓе не поднесуваат залудно трошење време. Тие знаат колку вреди секоја нивна минута, затоа знаат кога на нешто трошат време дека тие потенцијално пропуштаат нешто друго, нешто квалитетно. Многу е подобро да се одлучите фокусот да биде само на една работа која ќе биде завршена до крај. Резултатите можат да бидат неочекувано добри. Менувањето една работа за друга работа, имајќи предвид дека секој почеток е долг, тежок и непродуктивен, може да биде големо губење време, енергија нешто да се оствари во целост.
6. Не можат да се одлучат
Напорната работа и мудрите одлуки можат да ни отворат многу врати. Понекогаш фактот дека имаме многу опции може да биде фрустрирачки. Не е добро ако сте одлучиле да пробате се по ред, па да видите што највеќе ви одговара. Можат да поминат и години, а вие и понатака да поминувате од еден на друг пат. Направете истражување, посоветувајте се со другите и проучете се себеси и тоа што сакате да го изберете за да дознаете дали вашата одлука позитивно ќе влијае на вашиот карактер и начин на живот.
7. Не веруваат во себе
Изненадувачки е податокот на психолозите дека паметните луѓе често се подценуваат себеси. Сами на себе се најголеми критичари, со тоа прават да не веруваат дека можат да го остварат тоа што го сакаат. Тие имаат високи стандарди и често се преиспитуваат во текот на работата. Ова можеби делува како добра особина, ама од друга страна перфекционизмот може да ги блокира луѓето на патот кон успехот, бидејќи ништо на светот не е совршено.