Обука за претприемачи по ЦЕФЕ методологија
СЕКОГАШ ИНВЕСТИРАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВО СЕБЕ ОТКОЛКУ ВО ВАШИОТ БИЗНИС!
ИСПЛАНИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ ОДМОР МУДРО
Обучувачи:
Зоран Витанов
Влатко Данилов
Обука за претприемачи по ЦЕФЕ методологија:
Суштината на ЦЕФЕ обуките е во тоа да им помага на учесниците во обуката да ги до/развијат компетенциите потребни за спроведување на бизнис активностите, им помага да ги развијат своите бизнис планови, студии, преку процес на активно учење и учење преку искуство. Се користат бројни бизнис игри, игри на улоги, симулации, теренски истражувања.
Во фокусот на обуката се учесниците, не предавачите. Единственоста на ЦЕФЕ методологијата е во тоа што учесниците преку симулации на бизнис ситуации и вежби самите доаѓаат до поентите на бизнисот.
Преку серија на бихејвиористички вежби учесниците доаѓаат во можност самите да проценат кои се нивните силни страни а кои компетенции им се послаби и како да ги подобрат. Постојана и интерактивна комукација помеѓу тренерите и учесниците и помеѓу самите учесници овозможува единствено чуство на искусување на реални ситуации кои многу од учесниците ја имаат искусено, но многу од нив не ги искористиле да извлечат поука. Тренерите им помагаат на учесниците да ги согледаат последиците од нивните постапки а научените лекции ќе можат да ги применат во секојдневното работење.
Овде не се држи предавање како успеале КокаКола, Сони, Мерцедес, ФБ или други нетипични фирми. Ова е реалниот живот во кој живеат и работат претпримачите од мали и средни фирми и секојдневно се среќаваат со разни предизвици.
Времетраење: 5 дена
Кога: 24-28 Јули од 9.00 до 17:00
Каде: БИТОЛА, хотел Капри
Цена: Котизација за обуката – 7.000 денари
Уплата на сметка број 300000003055439
Фирма ЦКС доо Скопје
Со назнака за ЦЕФЕ обука
Сместување и оброци – се плаќа директно на хотелот
Опција со сместување во хотелот
Полн пансион 1.880 денари на ден во двокреветна соба, со вклучени 2 кафе паузи
Опција без сместување
Ручек и 2 кафе паузи – според цените на хотелот
Пријава и дополнителни информации на адреса:
basme@basme.com.mk
Поради интерактивноста на обуката бројот на учесници е ограничен.
Изборот на учесници е по принцип прв уплатил прв услужен.
Еве дел од коментарите на претходни учесници на иста обука:
“Ова беа најдобро инвестирани пари во мојот живот! Таа обука ја препорачувам на секого”
(Џемила Хусеиновиќ, сопственик на Бутик Ламас)
“Обуката беше како качување планина. На почетокот немаш ништо освен торба полна соништа. Со секој поминат ден, искачуваш нов рид, откриваш нови работи за себе. Сретнуваш луѓе по патот, кои ти стануваат пријатели, ги споделуваш своите соништа со нив и тие те охрабруваат да ги исполниш.
Како што се приближуваш до врвот, ги надминуваш своите граници и го даваш најдоброто од себе да се искачиш, излегуваш од својата комфорт зона, им помогаш на новите пријатели со нивните тешкотии на патот и одеднаш на работите околу тебе гледаш на друг начин. Можеш да видиш како светот околу тебе се менува.
И конечно стигнуваш таму горе, на самиот врв. И баш таму, откриваш дека всушност пред тебе има сосема нов свет.
Најтопло препорачувам, одете на ЦЕФЕ тренинг и откријте нов свет за вас.”(Косара Перчинкова – Македонија)
“Пред неколку дена сфатив дека дури и некои од моите блиски пријатели, немаа поим што се случуваше во мојот живот во последниве месеци… На кратко, одлучив да не продолжам со мојата кариера како адвокат, барем не за сега. Имав голема среќа да ја имам можноста да одам на ЦЕФЕ обука. Таму се заљубив во искуственото учење, открив многу за себе и дадов голем дел од моето срце на многу неверојатни луѓе кои ги запознав.
Сега барам можности за започнување на бизнис. Имам неколку идеи и веќе почнав да работам на една од нив. Идеи, совети, соработки, предлози итн се многу добредојдени.
Ах, да, сега, немам пречки! (Мариа Касепалу- Естонија)