Соларен панел 100 пати потенок од човечка коса би можел да донесе технолошка револуција во преносливите уреди

Соларните панели се идеално решение за иднината бидејќи штедат електрична енергија и со тоа не и штетат на животната средина, а го користат само тоа што ни го овозможува сонцето и притоа непотрошената енергија ја чуваат за денови кога сончевата светлина е слаба. За жал, во пракса се уште има некој пречки, ама со новиот изум се тоа би можело да се промени на подобро и можеби пред нас е една потполно нова ера на снабдување со енергија.

Без ни малку претерување, научниците во Јужна Кореја измислиле соларни панели толку тенки во споредба со нив и влакно од коса да изгледа дебело. Поточно влакното од косата е со дебелина од околу стотина микрометри, а новите соларни панели би биле со дебелина од 3,5 микрометри. Со самото тоа не би зафаќале простор, и лесно би се поставувале и отсранувале каде и да треба. И ќе бидат еластични па ќе може да се тргнат настрана без да зафаќаат простор.

Сепак постои и “но” во целата оваа приказна. Тие соларни панели, првенствено на почетокот би служеле за паметните уреди и wearable уреди, а зошто се тенки идеални се за тоа. Со текот на времето би станале и применливи за станбените објекти, а тоа е она што се чека. До тогаш ќе мораме да се задоволиме со ова, што и не е така лошо ако знаеме во каква ситуација моментално се наоѓа начинот на кои се снабдуваме со енергија за нашите дигитални миленици.

Се знае колку батериите какви што моментално ги имаме во паметните телефони и wearable уредите се голем проблем. Потполно заостануваат зад останатата технологија и ни оневозможуваат користење на уредите на начин како што ние би сакале.

На крајот се поставува прашањето кога сето ова ќе стигне до комерцијална продажба, но одговор нема. Сето тоа е тестирано во идеални лабораториски услови а на пазарот ќе дојде во следните неколку години. Надежите се дека тоа ќе биде до 2020 година. Ако тоа се оствари, би имало шанса до 2025 година да добиеме вакви соларни панели и во стамбените објекти.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!