South Central Ventures вложи 1 милион евра во Agrivi

Fond South Central Ventures односно Enterprise Innovation Fund – ENIF, инвестираше 1 милион евра во хрватскиот стартап Agrivi, софтверско решение коe им помага на земјоделците насекаде околу светот во постигнување на ефикасно, профитабилно и одржливо земјоделско производство. Со оваа инвестиција Agrivi ќе го продолжи глобалното ширење како би вовел промени во индустријата за производство на храна.

Во 2013 година Matija Žulj го основа овој проект, а во 2014 година добива инвестиција од 100 000 евра, од тогаш идат само напред, истата година проектот освојува прва награда на светското натпреварување за стартапи во Сеул, Јужна Кореја, како проект со потенцијално најголемо глобално влијание. Подоцна е сместен меѓу водечките компании во индустријата за софтверски решенија за управување(менаџирање) со земјоделското производство во неколку различни истражувања на пазарот во 2015 година, а во последното истражување на глобалниот пазар објавен во јуни оваа година, Agrivi е сместен меѓу 8те водечки глобални лидери во индустријата.

Денес web, iOS и Android апликацијата ја користат повеќе од 15 000 земјоделски произведувачи од 150 држави како решение за земјоделското производство за подобрување на крајните земјоделски резултати, односно ефикасен и одржлив начин на производство на храна. Matija за инвестицијата, што ќе му помогне за понатамошниот развој ќе изјави:

” Глобалниот пазар на технологии за земјоделство силно се развива и со оглед на тоа дека успеавме да се позиционираме како еден од главните играчи во индустријата, побарувачката за нашата технологија е се поголема. Партнерството со SCV ќе ни помогне повеќекратно да ги засилиме нашите оперативни капацитети, и да го одржиме  задоволствотo на нашите купувачи на најголемо ниво и дополнително да го забрзаме понатамошното позиционирање на пазарот за да успееме нашата технологија да ја доведеме до што поголем број на земјоделци. Во следниот период силно ќе се фокусираме на зголемување на пазарниот удел во клучните земјоделски ЕУ држави и позиционирање како лидер во одредени пазарни ниши(niche на глобално ниво”

Фондот кој вложи во овој хрватски агротехнолошки стартап South Central Ventures, инаку вложува во технолошки стартапи во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, а партнерот од фондот Jure Mikuž, смета дека напорите на Agrivi, позитивно ќе се одразат на голем дел од глобалната популација. Амбициите се големи, се спомнува за влијание на повеќе од милијарда луѓе. Инвестицијата од милион евра претставува голем чекор за приближување кон таа цел.

Во Македонија, е се уште во доменот на научната фантастика некој македонски стартап да земе 1 милион евра инвестиција од некој VC фонд. Ако порано оправдување беше немањето пари, по се изгледа дека вистинскиот проблем е немањето квалитетни идеи и доволен број квалитетни стартапи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!