Пред 25 години имавме наш “Брегзит”
Иако важам за евроскептик, знаев дека резултатот од референдумот во Велика Британија ќе биде тесен, но сепак мислев дека Британците поради стравот од неизвесноста сепак ќе се одлучат за останување во ЕУ. Со овие зборови словенечкиот економист Јоже Мецингер, признава дека е изненаден од резултатите на гласањето. Тој сепак верува дека ваквиот епилот е подобар, зошто останувањето на Британија во ЕУ, самата ЕУ би ја претворила во некаква асиметрична федерација. Пред 25 години во Југославија имавме слична ситуација кога Словенците бараа нешто слично на тоа. Затоа Јоже мисли дека останувањето на Британија во ЕУ би направило проблем бидејќи и другите членки на ЕУ би барале исклучоци, како оние кој Британците ги добија пред референдумот.
Распаѓањето на Унијата би можело да се очекува, но не заради евроскептиците. ЕУ од самиот почеток ја загрозуваат две работи: идеолошката конструкција на реалноста и наметнувањето единствени правила на многу различните членки.
Хистеријата на финансиските пазари по Брегзит брзо ќе се смири. Повеќе загрижува реакцијата на европските “државници” кои се нешто како навредени од одлуката на Британците, па заради тоа треба да ги казнат. Со разумно постапување и без глупаво “казнување” на Велика Бритамија економските ефекти не би требало да бидат големи. Политичките последици се непредвидливи, а многу повеќе во Велика Британија. И тоа заради различните резултати во одредени делови на земјата.
Јоже за паралелите на ЕУ со Југославија ќе каже “Паралелите на ЕУ со Југославија ги влечам повеќе од 10 години. И многу ми имаат замеренo за споредувањето на “недемократска” Југославија со “демократска” ЕУ. Сега работите се менуваат бидејќи и кај нас (Словенија) постепено се сфаќа дека во Југославија бевме суверена република, а сега сме заборавена и понижена провинција, која само слуша, што и диктираат во Брисел.”
За неговото мислење за домино ефектот ” Не го очекувам брзо и не знам кој ќе биде следен. Сепак Велика Британија не била секогаш многу приврзана членка на ЕУ, и ова беше трет обид за гласање за излез од ЕУ. Во преговорите пред излагањето се избори за отстапки со кои остана држава која има свој пари, свој граници, своја војска и свој систем.
Политичарите од ЕУ, уште долго нема да признаат дека еврото во слаби времиња е закана за ЕУ, бидејќи го доби значењето на некогашното југословенско “братсво и единство”. Засега еврото останува во Словенија. Ние уште не штампаме и не размислуваме на замена на еврото.
Што ја уништи Европа
Европа ја уништи тоа што двете лисабонски стратегии заосновани на тоа дека ЕУ треба да биде друштво “базирано на знаење” смета Јоже Мецингер. Тоа имплицираше ЕУ да може да им конкурира на општествата со многу малку или без социјални права, и дека ЕУ ќе извезува знаење, а дека за нејзе ќе произведуваат Кинезите. Тоа ја упропасти европската индустрија. Второ уште позначајно е наметнувањето на монетарна, фискална и банкарска унија. Во монетарната се прифатија држави кои не го правеа тоа што е оптимално во финансиското подрачје( пример Грција). Со фискалната унија која тоа и не е, во најлошото време на кризата на членките им е диктирана сосем погрешна политика на штедење. Со банкарската унија повторно се создава огромен бирократски апарат кои ќе произведува непромислени правила и формули за однесување на банките.
Кој е Јоже Мецингер?
Јоже Мецингер е словенечки економист,правник и политичар роден во 1941 година во Јесенице,Словенија. Завршил правен факултет на Универзитетот во Љубљана во 1964 година, а магистрираше во 1966 година право на Универзитетот во Белград , а стана доктор на науки на Универзитетот во Пенсилванија во 1975 година .Во Мај 1990 беше назначен за прв министер за економија во првата словенска демократски избрана влада, А од 2001 до 2005 година беше ректор на Љубљанскиот универзитет. Тој се појавува во документарниот филм на Борис Малагурски, The Weight of Chains каде што зборува за ефектите на Словенија од придружувањето во Европската Унија.