sQuba е автомобил кој може да го возите и под вода и на асфалт
Скоро сите сме ги гледале филмовите со Џејмс Бонд, но една од незаборавните сцени се појавува во филмот шпионот кој ме сакаше кога Lotus Esprit плови под вода и излегува од водата за да продолжи по плажата за на крај да заврши на асфалтот.
Очигледно овој филм беше инспирација за швајцарската компанија за автомобили Rinspeed која го креираше концептот sQuba. Автомобил кој може да оди до 10 метри под вода со брзина од околу 3 километри на час, додека на копно може да постигне максимална брзина од 120 километри на час. sQuba e придвижуван од три електро мотори.