Elon Musk прави конкурент на Uber
Генералниот директор на Tesla Motors кој произведува електрични автомобили, најави дека Tesla ќе лансира систем за споделување на автомобили во кои сопствениците на автомобилите ќе можат да заработат пари.
Musk во петокот навечер сподели некои детали за идниот сервис кои ќе користи систем за проценување сличен на тој кои сега го користи Uber, компанија за превоз, во кои сопствениците на Tesla автомобилите ќе може да ги проценуваат луѓето кои ќе го користат нивниот автомобил.
“Секогаш кога нема да го користите својот автомобил, ќе можете да ја вклучите Tesla апликацијата на својот телефон и да го додадете или тргнете од заедничкиот возен парк” рече Musk во говорот во текот на отварањето на големата Tesla фабрика во петокот.
Toj додаде дека корисниците ќе можат да одлучат кој ќе го користи нивниот автомобил, а кога и да посакаат да го вратат, треба само да притиснат на копче и автомобилот ќе им се врати. Минатата недела Musk ја објави другата половина од Tesla “мастер планот”, во кои ја откри намерата Tesla да го внесе во бизнисот со споделување автомобили.
“Поголемиот дел од времето кога ќе го погледнете автомобилот, тој само стои на паркинг без да се користи. Ова има потенцијал енормно да ја зголеми користа од автомобилите и да ги надомести трошоците за сопствеништвото” рече Musk и додаде дека од сопственикот на автомобилот зависи дали ќе го користи сервисот или не.