CEO како што денес го знаеме нема веќе да постои до 2046 година

Едно брзо пребарување на Google и ќе дознаете дека некои од водечките извршни директори (CEO) и основачи на најголемите технолошки компании имаат една работа која е заедничка- немаат дипломирано во областа на кое моментално работат. Станува збор за звучни имиња како Jeff Bezos, Mark Zuckerberg, Sergey Brin i Larry Page, предводници на таканареченaта четврта индустриска револуција.

Светот се менува, а со него и некои стари поставки,  како потребата за завршување на одредени студии за да се стекне потребното знаење, вештини и искуство за извршување на одредена работа. По можност работа со која личноста ќе се занимава до крајот на својот живот. Но, на тоа му дојде крајот со извонредниот технолошки напредок.

Брзината со која живееме е таква што човекот повеќе не може да стои во место, да се повлече и да не учи ништо ново. Треба константно да се развива а со самото тоа моменталниот образовен систем е поприлично тежок за оние со најголем потенцијал, колку да тоа чудно звучи. Пред Zuckerberg, студирањето го прекинаа Bill Gates и Steve Jobs. На сите тројца школувањето им одеше многу добро, но им одземаше премногу време во моментите кога работеа на своите мали револуции.

Секако, такво нешто нема да видиме во финансискиот сектор, ниту во образованието, особено не во правосудството или здравството, но технологијата е друга приказна. Juniper направи истражување за над 1800 вработени во IT (информатички технологии) секторот и 90% од нив изјавиле дека би сакале кога надредените би имале повеќе знаење поврзано со работата со која се занимаваат.

Навистина, надредените ги водат компаниите како и сите други, се снаоѓаат со бројки и се обидуваат да ги достигнат зацртаните цели, но разбирање за самиот бит на она што го работат немаат. Но на тоа ќе му дојде крајот и тоa веќе до 2046 година, кога ќе исчезне CEO каков што го знаеме денес, барем во индустријата базирана на IT.

Веќе нема да бидат први луѓе повеќето од оние со дипломи поврзани со економија и маркетинг, туку мнозинство ќе бидат оние кои сами воделе работи во IT компаниите или биле подолго време во такви компании. Ако се верува на ова истражување базирано на фактот дека од година во година постојат се повеќе проекти од кои “искачаат” нови генијалци.

Меѓу другото, Linux Foundation сама поседува проекти вредни преку шест милијарди американски долари, и на нив работат експерти поврзани со теми кои “ги вртат” парите. Тие не се единствени тука се и  Google, Amazon, Microsoft, Facebook, Twitter….  и цела низа од оние “помалите”, кои не работат со милијарди туку со стотини милиони.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!