George Soros се клади на крах на S&P 500

Инвеститорот George Soros кој до слава и богатство дојде со кладење против фунтата во 1992 година, двојно ја зголеми својата кладба на крах на индексот на Њујоршката берза S&P 500, пишува Wall Street Journal.

Soros објави дека до 30 јуни го зголемил влогот против главниот индекс на S&P 500, кој ги опфаќа 500 најголеми американски компании, ставајќи на продажна опција (put option) 4 милиони акциии на својот фонд од првобитните 2,1 милиони акции.

Таканаречената “put option” му дава на инвеститорот ( купувачот на опција) право, но не и обврска, да ги продаде акциите во иднина по утврдена цена во одреден рок. Тоа значи дека Soros, дебело ќе профитира доколку индексот S&P 500 колабира, наведува Wall Street Journal.

Исто така фондот на George Soros , драстично ги намали своите позиции во злато, распродавајќи ги мнозинството акции, кои во последниот квартал ги купи во компанијата “Barrick Gold”, најголемиот произведувач на злато и драстично ги намали своите позиции во златниот ETF фонд кои го основаше светскиот совет за злато.

Милијардерот објави дека продолжил да ја намалува својата изложеност спрема Кина, кој тој ја означи како епицентар на следната финансиска бура, распродавајќи ги своите позиции во Schlumberger, најголемата светска компанија по пазарна вредност која нуди услуги во нафтениот сектор, пишува Wall Street Journal.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!