Отворен повик за учесници на младински претприемачи камп
Фондација Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија, во периодот од 14-16 септември во Маврово организира мултиетнички младински претприемачки камп за млади претприемачи.
Претприемачкиот камп има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и вештините на избраните млади претприемачи за тоа како успешно да раководат со сопствениот бизнис и како да остварат иден понатамошен раст и развој преку воспоставување на стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општини.
Програмата на кампот ќе опфати теми за развој на претпримачки капацитети (одржливост на бизнис модел, потрошувачи, комуникација, институционална соработка и сл.) и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање (дефинирање на проблем, дефинирање на цел, креирање ефикасна порака, креирање мрежи и коалиции, креатори на политики и сл.).
АГЕНДА
Среда, 14 септември 2016 | |
11:00 – 12:00 | Регистрација на учесници |
12:00 – 12:15 | Поздравен говор од организаторот |
БЛОК 1 | |
12:15 – 13:45 | Тема 1: Од идеја до реализација
Тема 2: Дизајн на претприемачки процес |
13:45 – 14:45 | Пауза за ручек |
БЛОК 2 | |
14:45 – 16:15 | Тема 3: Креирање на идеален потрошувач
Тема 4: Канали на дистрибуција |
БЛОК 3 | |
16:15 – 17:45 | Тема 5: Одржливост на бизнис модел
Тема 6: Управување со преминот од стартап до вистинска компанија |
Четврток, 15 септември 2016 | |
БЛОК 4 | |
09:30 – 11:00 | Тема 7: Канали со комуникација
Тема 8: Институционална соработка |
БЛОК 5 | |
11:00 – 14:00 | Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки |
14:00 – 15:00 | Пауза за ручек |
БЛОК 6 | |
16:00 – 17:30 | Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки (продолжува) |
Петок, 16 септември 2016 | |
БЛОК 7 | |
09:30 – 11:00 | Тема 10: Вмрежување |
11:00 – 11:30 | Затворање на обуката |
БЛОК 8 | |
12:00 – 15:00 | Посета на културни знаменитости |
15:00 – 16:00 | Ручек |
* Програмата на кампот е поделена во блок сесии. Паузи ќе бидат организирани по потреба за време на сесиите.
Детали за учество
Учеството на претприемачкиот камп не се наплаќа. Трошоците за сместување во еднокреветна соба (на 14-15 септември), патување (во висина на автобуска карта) и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Право на учество
Млади луѓе на возраст од 18 до 35 години – сопственици на бизнис не постар од 2 години или потенцијални идни претприемачи.
Процес на аплицирање
Сите заинтересирани млади луѓе треба да ја пополнат следната форма за регистрација и да ја испратат на е-мејл aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 31ви август. Бројот на учесници е ограничен на 25!
Датум: 14-16 септември, 2016 година
Локација: Хотел Бистра, Маврово
Официјален јазик: македонски