Elon Musk работи на создавање на покрив направен од соларни панели
Elon Musk e склон за амбициозни, чудни идеи кои не се ограничени само на електрични автомобили или ракети. За време на последната прес конференција на SolarCity на тема финансиски резултати, претприемачот откри дека неговата компанија која е фокусирана кон енергијата, развива ’’соларен покрив’’ – тоа не е покрив со соларни панели врз него, туку покрив направен од соларни ќелии. Како што објаснува Musk, луѓето вградуваат милиони нови покриви секоја година. Зошто да не ја искористат соларната моќ кога веќе бараат замена? Сопствениците на домови со стари покриви не се одлучуваат за вградување соларни панели, бидејќи знаат дека ќе треба да започнат сè одново.
Првиот човек не изнесува детали како овој соларен покрив ќе функционира, иако тој истакна дека купувачите ќе го прилагодуваат дизајнот. Затоа што прилично е важно да биде даден голем избор на стамбен простор на пазарот, но исто така препорачува дека нема да добиеш само парче соларна ќерамида( како тие горе) и да речеш готово е. Кога гледаш дека не е. Peter Rive од SolarCity кажува дека компанијата започнала да зборува за покривитe ’’пред неколку недели’’, но исто така клучен дел ќе биде зголемувањето на производството во вториот квартал во 2017 година. Со други зборови, ќе добиеме повеќе детали кога SolarCity ќе го заврши спојувањето со Tesla.