Истражување за поддршка на млади претприемачи

ЦЕФЕ Македонија во рамките на проектот „Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политика“ извршува истражување за поддршката што младите претприемачи ја добиваат во државата и какви се нивните ставови кон започнување на сопствен бизнис.

За таа цел креирани се два прашалници за две целни групи:

  1. Првиот прашалник е наменет за локалните власти и креаторите на политики. Се однесува на  улогата и поддршката што ја даваат државните институции на младинското претприемништво. Прашалникот ќе го најдете на линкот: http://goo.gl/Uh9Ir3
  1. Вториот прашалник е наменет за младите луѓе во нашата држава, какви се нивните ставови и размислувања за започнување на сопствен бизнис. Прашалникот ќе го најдете на следниот линк: http://goo.gl/uyioD0

Со пополнување и споделување на  прашалникот, придонесувате младите луѓе во Македонија да се запознаат со програми за поддршка на претприемништвото, а со тоа и кон остварување на нивниот сон да имаат сопствен бизнис и да дознаат кој може да им помогне на тој пат.

Имајќи го ова во предвид, вашиот одговор нема да остане на хартија, туку навистина ќе им помогне на надежните и перспективни млади лица да ги остварат своите претпреимачки цели и да дадат придонес кон градење на подобро општество за сите.

error: Content is protected !!