Tasting Ideas #2

Летото помина, идеите не престануваат. Дојдете ни на гости во ХАБ и вкусете ја вашата идеја! Можете да направите мезе, да создадете нови пријателства и врски и да ја обликувате вашата идеја од мисла до реалност. Ве очекуваме на 28ми септември, од 17:30!

Да се има идеја, значи да се следи некаков сон. Да се мисли на oстварување на предизвикот. Колку идеи ви се имаат изгубено по тетратки, по случајно помислени разговори, во сон, на јаве?

ХАБ Скопје сака да ве слушне што имате на ум. Што сакате да направите со Вашата идеја? Прво да ја споделите. Да и дадете важност, да ја дискутирате со другите кои сакаат да ја слушнат и да ви помогнат со насока, сугестија, уште некоја идеја! Нашата приказна е дека храброста да се има идеја е уште поголема кога ќе премине на следното ниво – реализација.

Tasting Ideas e настан на ХАБ Скопје за кој тежнееме да биде традиција! Се одржува еднаш месечно, со цел да ги собере луѓето од креативната/бизнис/социјална заедница, да понуди можност за соработка, заеднички насоки, јакнење на вредностите и слобода да се биде иновативен.

Се гледаме во среда, 28 септември од 17:30 часот

Локација: ХАБ Скопје, Загребска 28

error: Content is protected !!