Како Унилевер преку подобрување на културата ја зголеми продажбата и ги намали поплаките

Искуствата на стотици големи компании покажуваат дека создавањето на силна култура, која ќе се карактеризира со висока кохезија и ниска ентропија е можна и остварлива во период од 3 до 5 години.

Примерот на УНИЛЕВЕР Бразил

Унилевер Бразил е дел од корпорацијата УНИЛЕВЕР и е компанија со реноме и 80 годишна историја. Има над 10 000 вработени и годишна продажба од 3 милијарди евра само во Бразил. За споредба за колкава сума на пари станува збор да напоменам дека најновиот буџетот на Македонија за 2012 година изнесува 2.7 милијарди евра..

После неколку декади на силен развој во 2004/05 приходите се намалуваат. Кеес Крутхоф, извршниот директор на Унилевер Бразил заедно со својот егзекутивен тим ја лансираат програмата за подобрување на перформансите и приходите. Покрај стратешките предизвици и менаџирањето со операциите клучен фокус се става на организациската култура во компанијата.  Унилевер Бразил започнува да сонува како би изгледала компанијата кога би била “подобра од доброто” – “Greater than Great”. На почеток на овој процес нивниот извршен директор изјавува:

Доколку не ја промениме нашата култура, нема никогаш да ги постигнеме нашите највисоки бизнис цел Кеес Крутхов (CEO) УНИЛЕВЕР* Бразил

При првото мерење на културата во Унилевер Бразил во 2008 година, биле измерени 5 лимитирачки вредности во компанијата и 37% ентропија. Во второто мерење 12тина месеци подоцна и неколку интервенции во контекст на вредностите и културата, културата на Унилевер претрпува видлива промена. Ентропијата се намалува на 19% и има само 2 лимитирачки вредности.

Унилевер извршува спојување на културата со стратегијата, со што културата станува столб кој ја поддржува стратегијата и ги менаџира интегрирано.

Нивната посветеност на овој процес оди до таму што мерењата на културата се извршуваат секој 6 месеци (ова е двојно почесто од 12те месеци предложени од стандардот на Ричард Барет).

За сите оние кои се заинтересирани подетално да се запознаат со процесот на културна трансформација во УНИЛЕВЕР Бразил и резултатите од истата, нека го погледнат нивното искуство преку студијата на нивниот случај[1]

Дополнително ви ги приложувам следните 2 оригинални слајда од првото и последователното мерење на културата во Унилевер.

Кохезијата е подигната за овој период од 2-2-3 на 2-6-4.

1-16__14

Слика 1.16

1-17__14

Слика 1.17

Како резултат на ова подобрување во културата на Унилевер, поплаките од клиентите се намалиле од 31% во 2007 на 21% во 2009 (по милиони продадени артикли).

Услугата кон клиентот, мерена по навреме завршени случаи се подобрила од 71% во 2007 на 91% во 2009.

Порастот на продажбата пораснал од 3.2% годишно (во периодот од 2002 – 07, пред трансформацијата) на 7% во 2008/09.

Доколку за момент се запрашате која е паралелата на една компанија со една нација, во овој контекст траба да се каже дека принципите и методите на менаџирањето на културата во еден систем се идентични, без разлика на големината на системот. Дополнително интересно е да напоменам дека “CTTCulture Transformation Tools ” алатките кои се користат при мерeњето на културата, се првично дизајнирани со цел да им помогнат на бизнисите да ја мерат и менаџираат нивната култура. Откако компаниите кои ги користеле ги увиделе неверојатните бенефиции од нивната примена, во последната деценија истите алатки во комбинација со групни трансформативни интервенции за кои попоширно ќе пишувам во вториот дел, започнуваат да се користат и на национално ниво. Ке ја посочам Австралија као пионер и лидер во овој контекст.

[1] http://www.valuescentre.com/uploads/2010-09-02/Unilever%20Brazil%20Case%20Study.pdf

Виктор Куновски

Текстот е извадок од книгата Дијамантско Лидерство.
Книгата може да ја добиете директно по пошта на било која адреса во Македонија по цена од 500 ДЕН. Доколку сте заинтересирани кликни за повеќе инструкции.

Истата е достапна во следниве книжарници:

Табернакул – Скопје.
Или – Или – Скопје.
Концепт 37 – Скопје
ТРИ – Градски Трговски Центар – Скопје

error: Content is protected !!