Што е тоа, што ги обедини заедно Google, IBM, Microsoft, Amazon и Facebook?

Повеќе пати технолошките гиганти во јавноста искажуваа стравување поради можните последици поврзани со автономните машини кои ќе ни асистираат во секојдневниот живот- Gates и Musk се дефинитивно најпознатите и најцитираните основачи кои на вештачката интелигенција гледаат како на закана, под услов да заврши во погрешни раце.

Elon Musk минатата година ја основа непрофитната организација OpenAI, со цел забрзано да ја отвори технологијата која стои позади паметните уреди кон што поголем број на луѓе- да ја демократизира. Заканата во развојот на вештачката интелигенција ја гледа всушност во можноста дека ќе ја контролираат мал број луѓе, и дека таа ќе стане извор на диктаторство.

Поточно, се плаши од превласт на една компанија, а како што наговести во Recode конференцијата, се претпоставува дека се работи за Google. Ова е добар момент да се потсетиме на тој разговор со Musk, бидејќи пред кратко време, петте најмоќни технолошки компании ја основаа групата Partnership on AI со цел како што пренесува TechCrunch “да спроведе истражување и да ги промовира најдобрите практики”.

Мисијата на групата која ја сочинуваат Amazon, IBM, Microsoft, Facebook i Google е многу општа и непрецизна, и засега се најавува дека групата ќе се состанува редовно и ќе дискутира за напредокот на вештачката интелигенција и ќе настојува, како што рече Mustafa Suleyman ко-основачот на DeepMind, “да ги вклучи луѓето на кои AI влијае”.

Дел од работата на алијансата ќе биде обединување на доприносот на академиците, индустријата и непрофитниот сектор како би допринеле за проширување на дискусијата за рамноправноста и етиката во технологијата.

Како што пренесува Guardian, групата најавува дека ќе ги повика останатите важни актери да им се приклучат, вклучувајќи го и Apple, ќе биде интересно да се види каква динамика ќе се формира околу односот на OpenAI и новооснованата група, со обѕир на горе споменатата изјава на Еlon Мusk.

error: Content is protected !!