Поради победата на Доналд Трамп изгуби 4 милијарди долари
Падот на мексиканскиот песос и цената на акциите, најмногу ги погодиле милијардерите во Мексико, а посебно еден. Петтиот на листата најбогати луѓе во светот, Карлос Слим, од победата на Трамп потенцијално ќе изгуби 4,7 милијарди долари, најмногу од било кој милијардер во светот, јавува Forbes.
Падот на песосот, ја намалил нето вредноста на богатството на мексиканскиот тајкун на 49 милијарди долари, од 53,7 милијарди, колку што според Forbs изнесувало неговото богатство во вторникот вечерта кога пазарот бил затворен. Акциите на America Movil, телекомуникациската компанија во која Слим поседува 62 проценти од уделот, паднале за 9 проценти во САД и за речиси 4 проценти во Мексико.
За потсетување Карлос Слим, во 2014 година го купи контролниот пакет акции во Тelekom Аustria Group, кој е сопственик на мобилните оператори во Бугарија, Белорусија, Хрватска, Словенија, Србија и Македонија (VIP). Во 2015 година One и Vip во Македонија се споија и го формираа One.Vip каде што Telekom Austria поседува 55%, а Telekom Slovenijа 45%.