Exponential Corporate Innovation & Intrapreneurship Boot Camp

ЊуМенс Академијата и Смарт-ап Центарот во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, ви нудат уникатна можност – да учествувате на ексклузивна обука на тема КОРПОРАТИВНИ ИНОВАЦИИ & INTRAPRENEUSHIP.

Програмата е наменета за компании од Македонија кои што сакаат да го ремоделираат својот бизнис, да воведат иновативни производи, услуги или процеси, да го зголемат влијанието на локалните и интернационалните пазари и да станат попривлечни за странски клиенти и инвеститори.

Обуката ќе се реализира во форма на BOOT CAMP и се состои од два дела:

– ДЕЛ 1 – Наменет за стекнување знаења во делот на Експоненцијални технологии и какви предности им нудат на компаниите, како и идентификување на потенцијални области на унапредување во рамки на компаниите (групни и индивидуални сесии) со можност за вклучување на студенти и фриленсери во изнаоѓање на иновативни решенија;
– ДЕЛ 2 – Наменет за работа на конкретни иновативни решенија (групни и индивидуални сесии) со можност за вклучување на студенти и фриленсери во изнаоѓање на иновативни решенија.

За учество на обуката можете да се пријавите за учество на еден од двата начини:

1. Како КОМПАНИЈА (Сопственик или Менаџер) која сака подобро да се позиционира или да настапи на регионалните и светските пазари и е спремна да соработува со надворешен млад тим на студенти и freelancer-и кои ќе работат на потенцијални иновативни решенија, или
2. Како СТУДЕНТИ или FREELANCER-И кои ќе имаат можност да научат што значи intrapreneurship и како можат да иновираат за потребите на компаниите.

АГЕНДА ЗА КОМПАНИИ (Сопственици и Менаџери):
– Дел 1: 15 ноември (13:00-17:00 часот) / 16 ноември (приватен слот од 30 минути помеѓу 12:00-17:00 часот)
– Дел 2: 7 декември (дополнително ќе се утврдат деталите)

АГЕНДА ЗА СТУДЕНТИ И ФРИЛЕНСЕРИ:
– Дел 1: 16 ноември (17:45-20:30 часот) / 17 ноември (17:30-21:00)
– Дел 2: 7, 8, 9 декември (дополнително ќе се утврдат деталите)

Повеќе инфо за Агендите по денови има и во постовите на самиот настан.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕНТОРИТЕ:

– Darlene Damm, Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS, Inc (Mountain View, California). Дарлин е посветена да им помогне на компаниите и универзитетите да разберат како со примена на експоненцијалните технологии можат да ги решат најголемите предизвици на светот а воедно и да бидат што поконкурентни, како и кои вештини им се потребни во свет на забрзани промени, роботика, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.

– Rana Chakrabarti, Experience Designer / Дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California). Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој Рана ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЦЕНА И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

Заради заложбите на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот да креира успешен деловен екосистем во Македонија и пласман на иновативни македонски производи и услуги на светските пазари учеството на Boot Camp-от е овозможено по бенефицирана цена и тоа:

– Компании: 2400 ден. за 1 лице / 3600 ден. за 2 лица / 4400 ден. за 3 лица
– Студенти и средношколци: 300 ден. за 1 лице
– Freelancer: 500 ден. за 1 лице

Пријавувањето е на линкот: http://bit.ly/intrepreneurshipbootcamp додека има места или најдоцна до 11 ноември 2016 година (23:59). Местата се строго ограничени затоа побрзајте.

Напомени:

– Учеството на вториот дел е возможно само ако сте учествувале на првиот дел и не се доплаќа дополнително.
– Само во првиот дел може да учествувате и независно од вашиот статус доколку сте заинтересирани само да научите за експоненцијални технологии и корпоративни иновации без да се вклучувате во практичната изведба на проекти за конкретни компании во вториот дел.
– Во 2017 година учеството на истата обука ќе биде можно по редовна цена почнувајќи од 12.300 ден. по компанија, 3500 денари за студенти и 5300 денари за freelancer- и.
За повеќе информации пишете ни на: contact@newmansba.com или јавете се на 070 365436.

error: Content is protected !!