Поранешниот директор на Microsoft, Steve Ballmer објаснува зошто му се исмејувал на iPhone

Пред скоро три години Steve Ballmer, си замина од Microsoft каде што беше генерален директор од 2000 година. Откачениот бизнисмен овие денови кажа нешто повеќе за своите грешки но и за односот со Bill Gates.

Тој сега е сопственик на НБА тимот Los Angeles Clippers, и од аут линијата на кошаркарскиот терен ја покажува својата препознатлива енергичност и жестина и изгледа се има помирено со тоа што се случувало во компанијата додека бил прв човек. Но сепак во неодамнешното телевизиско интервју за Bloomberg појасни некои детали и одлуки од тоа време.

Еден од најголемите “гревови” кои му се припишуваат е недовербата во паметните телефони. Ballmer во 2007 година, го исмевал Apple после претставувањето на првиот iPhone, а во интервјуто ги појасни причините за таа реакција.

” Искрено, сметав дека цената е претерано висока и дека луѓето нема да го купуваат. Очигледно не сум сметал на поврзаноста на Apple со операторите кои им овозможуваат на луѓето до него да дојдат по многу пониски цени од малопродажната” изјави поранешниот генерален директор на Microsoft. И покрај тој пропуст, до крајот на својот мандат на чело на компанијата беше голем поборник за влез на пазарот за хардвер.

Настана фундаментален расчекор во ставовите околу важноста за влез на пазарот на хардвер. Ја туркав сам идејата за Surface, а управниот одбор не беше наклонет за тоа. Работите кулминрале околу приказната со паметните телефони” се потсетува Ballmer.

Тој додава како упорноста во врска со хардверот е тоа за кое си замерува, кога повторно би ја имал приликата би бил повеќе упорен во своите настојувања. Зборувајќи за односите со Gates, со кој беше многу близок, кажува дека доста се промениле со текот на годините, особено после честото заземање на спротивни страни во управниот одбор. Денеска не се ни приближно толку блиски.

“Се оддалечивме еден од друг”, кажува Ballmer и заклучува: ” Тој има свој живот, а јас мој”.

error: Content is protected !!