Предавање за EXIT фестивалот и неговата дигитална маркетинг стратегија

Како Exit фестивалот стана еден од најпосетуваните фестивали? Како успеа да собере публика од повеќе од 60 земји? Зошто е еден од најнаградуваните фестивали? Какви тимови работат? Какви кампањи спроведуваат? Со какви буџети за рекламирање располагаат? Зошто дигитален маркетинг наспроти класичниот маркетинг?

Како Exit фестивалот успеа да стане толку многу популарен, а притоа потпирајки се воглавно на онлајн маркетингот, нивното искуство ќе го пренесат двајца врвни менаџери за дигитален маркетинг, кои долги години многу успешно ја креираат интерационалната кампања на овој фестивал.

На еднодневното предавање учесниците ќе се запознаат со начинот на кој Exit фестивалот успешно креираат Facebook и Instagram кампањи, промовираат содржина на Google, особено преку примена на Adwords, Search и Display, и промовираат содржина на Youtube, преку реклами и видеа, што ги прави водечки пример во регионот и пошироко.

За повеќе информации во врска со содржината на еднодневното предавање посетете го следниот линк: http://www.koncept.com.mk/events/90

Датум: 17 ноември од 9 часот

Место: Институт Концепт

error: Content is protected !!