Apple ги потврди плановите за вложување во автономни автомобили

Технолошкиот гигант Apple објави дека планира да вложува во развојот на автономни автомобили, пренесува BBC.

Во писмото до американските сообраќајни регулатори, Apple изрази “воодушевување поради потенцијалот кои автоматизираните системи ги имаат во многу подрачја вклучувајќи го и сообраќајот” додавајќи како постојат многу значајни општествени бенефити од автоматизираните возила кои допрва ќе се реализираат.

Подолго време постоеа гласини за плановите на Apple, но досега компанијата не ги објави јавно.

Ford, eден од најголемите светски произведувачи на возила, кој до 2021 година планираат масовно да произведуваат автономни автомобил, истакна дека својот потфат го темелат на истите основи како и Apple. Технолошкиот гигант, помеѓу другите работи регистрираше и неколки интернет домени вклучувајќи ги и apple.car и apple.auto.

Портпаролот на Apple изјави дека писмото до американската служба задолжена за безбедност во сообраќајот  (National Highway Traffic Safety Administration; NHTSA) било поттикнато од “големите инвестиции во машинското учење и во автономните системи” сакајќи притоа да помогнат во дефинирањето на најдобрата пракса во индустријата.

Во писмото од пет страници, кое го има потпишано Steve Kenner директорот на Apple за развој на производи, се апелира до регулаторите да не се воведуваат премногу правила во текот на тестирањата на автоматизираните возила, сметајќи дека постоечките произведувачи и тие што се нови треба да се третираат еднакво.

Исто така се предлага компанијата во таа индустрија да ги споделува податоците за сообраќајни несреќи и неуспеси, а се со цел да воспсотави сама и да дизајнира подобри системи.

Меѓутоа во писмото се додава како индивидуалната приватност не би требало да биде компромитирана со споделување на таквите податоци. Се предлага индустријата и регулаторите “да ги детектираат предизвиците со приватноста поврзани со собирањето, употребата и споделувањето на тие податоци”, во соработка со независни експерти што се надвор од индустријата за автоматизирани возила.

Google веќе тестира автономни автомобили, а Tesla која произведува електрични автомобили, во октомври објави дека во иднина сите автомобили произведени во нивната фабрика ќе имаат вграден ситем за автоматизирани возења.

error: Content is protected !!