AT&T го превзема Time Warner за 85,4 милијарди долари

Зделката во која AT&T сака да го превземе Time Warner за 85,4 милијарди американски долари привлече многу внимание во последниов месец, а станува збор за најголемата зделка оваа година и тоа не само во ICT индустријата. Но сега кога прашината околу оваа астрономска сума се спушти и се чека одобрување од регулаторот за пазарна конкуренција, треба да се види што се ќе добие AT&T ако зделката помине.

Ќе ги добие CNN, Cartoon Network, Warner Bros., New Line Cinema и HBO. Производите кои пристигнуваат со нив се мегапопуларни низ целиот свет, а доволно е да се каже дека Game of Thrones иде во рацете на AT&T, исто како и франшизите за Harry Potter и DC Comics, кои носат буквално стотини милиони долари приходи на годишно ниво.

Time Warner минатата година оствари 29,2 милијарди долари од сите услуги кој ги нуди, а се поврзани со филмови, видео игри, продукција, дистрибуција, кабловска телевизија, дигитални услуги … но тоа не е ни блиску до 142,5 милијарди долари приходи кои ги остварил AT&T.

Ова ширење на AT&Т значи многу, затоа за 49 милијарди долари уште во јули минатата година се одлучија да го превземат DIRECT TV. Желбата на американската компанија е да имаат контрола на секој сегмент од телевизијата, мрежните услуги, информативниот програм и видео стриминг услугите. Секако тука се и телекомуникациите поради кој AT&T стана тоа што стана.

 

error: Content is protected !!