Daimler оваа година станува најголем светски произведувач на луксузни автомобили

Германскиот Daimler ќе заврши оваа година како најголем и најпрофитабилен произведувач на луксузни автомобили во светот, и тоа четири години пред тоа што е планирано, изјави за Reuters извршниот директор на Daimler, Dieter Zetsche.

“Ќе го постигнеме тоа оваа година , четири години порано од тоа што сме планирале” кажа во четвртокот Zetsche во текот на економската конференција во Франкфурт, истакнувајќи како цел на компанијата било до 2020 година да стане најголем светски произведувач на автомовили во премиум сегментот.

Потсети дека целта која на почетокот предизвика доста скепса и потсмев, била најавена во 2011 година.

Одделот на Daimler, Mercedes Benz оваа година ќе продаде повеќе од 2 милиони автомобили, односно по продажба ќе ги престигне другите два гермаски конкуретни на пазарот за луксузни автомобили- Audi и BMW.

error: Content is protected !!