Корисен совет од Mark Cuban до младите менаџери

За магазинот Men’s Fitness, сопственикот на кошаркарскиот клуб “Dallas Mavericks” Mark Cuban, даде многу корисен совет за младите менаџери.

Cuban кој како инвеститор во реалити програмата “Shark Tank”, редовно помага на младите компании, изјави:

Обрнете внимание на се што се случува околу вас. Немојте да мислите дека постои само еден начин нешто да направите- тајната е во контекстот – порача и продолжи:

-Исто така би советувал да ја намaлите напнатоста на луѓето кои ве опкружуваат. Ако нивото на стрес порасне чим поминете во просторијата, тоа значи дека нешто грешите, и обратно.

Cuban напиша дека најдобрата лекција за менаџирање ја научил преку искуство, а не благодарение на советите од менторите.

-Неверојатно е колку брзо можете да научите што значи да се биде успешен менаџер само ако обратите внимание и видете што функционира, а што не – рече тој.

 

error: Content is protected !!