The Ford River Rouge Complex индустрискиот комплекс на Ford

The Ford River Rouge Complex, или The Rouge , е индустриски комплекс на ФОРД , прв во светот од таков тип, лоциран во Деаборн, Мичиген. Започнал да се гради во 1917 година ,a се изградил во 1928 година. Со тоа Америка и светот го добиле индустриското чудо на капитализмот. Комплексот во себе содржел 93 различни фабрики, интегрирани за сите делови за создавање на еден автомобил. Челичарници, фабрики за стакло, фабрики за кочници и слично.

Целиот индустриски комплекс имал изградена површина под фабрички хали од 15 милиони метри квадратни! После отворањето во 1928 година, веке во 1930 година, во тој комплекс на ФОРД се вработиле над 100,000 работници. Форд пред 100 години, можел да произведе еден автомобил за 90 минути . Во оваа фабрика на ФОРД работеле најплатeните работници во светот. Идејата на ФОРД , да се стави светот на тркала била практично изведена. Работнициите сами доаѓале пред портите на ФОРД кога двојно ја зголемил дневницата од 2,5 на 5 долари и притоа продолжил да ги произведува најевтините и најквалитетни автомобили во Америка.Еден од неговите први модели моделот Т , до 1920 година повеќе од половината возила во САД биле модел Т. Форд прв го вовел 8 часовниот работен ден, за да може еднакво да го организира производството 24 часа на ден. Инаку овој индустриски комплекс бил пример и инспирација за идните производители на автомобили. Хјундаи во Јужна Кореа го копира ФОРД. Исто така Советскиот сојуз бара техничка асистенција и помош од FORD MOTOR COMPANY за да го изградат нивниот GAZ и да научат од искуството на ФОРД. На тоа советите се согласуваат да испорачат 13 милиони автомобили и различни делови, додека ФОРД се согласил да им дава техничка помош и поддршка додека да изградат интегриран индустриски комплекс за производство на возила. Со еден збор, Капиталистички FORD ги учи советите како да прават возила но комунизмот не научи ништо да прави, а најмалку возила.

Основачот на Ford Motor Company, Хенри Форд се родил како фармер, на 15 години ја напуштил семејната фарма, работел 3 години како чирак во машинската работилница, потрошил илјадници саати истражувајќи околу моторите со внатрешно согорување и како да создаде функционално возило придвижувано од мотор. Додека сите околу него се потсмевале со идејата за ”horseless carriage” вагон без коњ, тој го направил првото возило Quadricycle , (два велосипеди споени во едно) тоа возило го возел и на крајот од животот. Второто возило модел А го продал на еден локален заболекар. И потоа почнува приказната на еден од најголемите фабриканти во историјата. Атлас на капитализмот кој го носи својот свет на своите рамена. Такви атласи се јавуваат само во просперитетните општества на капитализмот, и со нивната појава и илјадници други луге го заработуваат нивниот леб. Затоа треба да имаме почит кон работата, чесноста и потта.

Една од најраскажуваните приказни за ФОРД, е кога бил дете и на 13 години добил подарок за роденден, џебен часовник, и потоа го расклопил до последно делче, зашто едноставно сакал да знае како работи. Таа карактерна особина го проследувала цел живот, сакал да знае како работат машините. Но уште поважно тој сакал да знае и зошто не работат.

The Atlas of Americanism.

Мартин Димоски

error: Content is protected !!