Како 5G ќе ни го промени начинот на живот и работа?

Ericsson на CES 2017 што се оддржа од 5 до 8 јануари во Лас Вегас, демонстрираше како 5G  силно ќе го унапреди подрачјето за забава но и примената во идните паметни градови, што ќе ја зголеми ефикасноста на таа индустрија. Посетителите на изложбениот простор на Ericsson можеа да видат како 5G eкосистемот ќе овозможи иновации за нови кориснички примени и деловни модели.

Влијанието на 5G во клучните индустрии беше предмет и важна сесија на која учествуваше Ulf Ewaldsson од Ericsson , кој е на позицијата CTO одговорен за стратегија и технологија, заедно со партнерите од SK Telecom и BMW. Ulf Ewaldsson изјави: “Важен параметар на иновацијата е колку луѓе можат да споделуваат, користат и да доживеат. Благодарение на нашата долга и богата историја во поврзувањето, свесни сме за повратната врска помеѓу иновацијата и доживувањето. CES секогаш претставувал одличен подиум за иновации и затоа сме среќни дека можеме да ја споделиме нашата најнова 5G технологија за поврзување со партнерите и заедничките клиенти. Единствен начин на кои ќе дојдеме до светот на 5G се случаевите со реална примена која ги проширува нашите разбирања за тоа што 5G технологијата може, како и обезбедување на вистинска вредност на корисниците и деловните системи”

Ericsson ги поврзува најновите технолошки иновации и потребната инфраструктура, затоа тема на корпорацискиот настап беше “5G станува реалност” а посетителите можеа да видат како мрежите, медиумите и IT-то заедно допринесуваат за подобрување на нашиот секојдневен живот и работа. Ericsson направи повеќе од 30 демонстрации за работата на новите технологии, каде покажа што се е можно да се постигне со помош на најмодерната мрежа и платформа. Kако на пример, користење на високо квалитетни видео содржини во автомобилите односно виртуелната и проширена реалност, уживање вo интерактивен спорт, во примената во паметните градови и автомобили, во поефикасно автоматизирано производство, но и поврзување со природата во целосно ново TV доживување.

Експертите од Ericsson покажаа како клучните аспекти од нашите животи како локација, животната средина, сигурноста, вработувањето и персонализацијата, можат значајно да се променат на основ на силните мрежи и иновативни IT медиумски содржини. Партнерите како Intel, Qualcomm и Volvo ги претставија иновативните решенија креирани во соработка со Ericsson.

Ericsson ги претстави и најновите можности во подрачјето на 5G што операторите наскоро ќе ги воведат, вклучувајќи поголема ширина на појасот, помало задоцнување, поголема густина, помали енергетски барања, значајно зголемена сигурност, network slicing (каде секој случаj на употреба бара посебен дел од мрежата) и бежична поддршка на Massive IoT технологијата.

Ericsson ја користеше сопствената технологија за емитување во живо на настанот па гледачите последните новости од учеството на Ericsson на CES можеа да го следат удобно од својот дом.

error: Content is protected !!