Intel го претстави Compute Card компјутерот со големина на кредитна картичка

Intel повторно отиде чекор понапред и го претстави Compute Card, компјутерот со големина на кредитна картичка! Со овој изум би можело да следува вистинска мала револуција, во која би биле опфатени сите стари уреди затоа што би добиле потполно нов живот и со тоа би ни изгледале како да се направени години пред времето.

Бидејќи Compute Card во суштина е комплетен компјутер, има SoC меморија, простор за складирање на податоци,  input/output решенија како можност за бежично поврзување. Се што ви е потребно да имате уред каде што ќе го поставите Compute Card и да му се даде нов живот. Не се мисли само на компјутери туку и на телевизори, кои на овој начин би можеле да “траат” цела деценија доколку имаат 4К и HDR можности. Затоа што препрека беа софтверот и хардверот кои со текот на времето не можеа да го следат темпото. Со Compute Card таа препрека се остранува.

И додека се тоа звучи прекрасно, Intel сепак нагласува дека главен мотив за Compute Card е всушност Internet of Things (IoT), со ова решение сите уреди во домаќинството можат да се направат “паметни”, што на крајот на приказната ни донесува и паметни домови. Се разбира ова е само почеток и со текот на времето на пазарот ќе се најдат уште помали “компјутери”, а темелите се јасно поставени.

Нема веќе да биде потребно да ги фрлате старите работи или да купувате често нови кога постојат вакви решенија кои на многу едноставен начин ги носат промените на подобро и не држат нас во чекор со времето. Барем се така звучи во теорија, а таа често е идилична.

Што се однесува до работите како стојат во пракса, Compute Card би требало да се појави на пазарот кон средината на оваа година, во најдобар случај. За се да помине во најдобар ред Intel, направи партнерства со Dell, HP, Lenovo, и Sharp. Сите овие звучни имиња најавуваат дека ќе се случуваат големи работи и останува да видиме што уште Compute Card ќе ни донесе, а тоа да не го знаеме во овие моменти.

error: Content is protected !!