Профит или зијан

Дознајте ја тајната за успехот на најдобрите компании на планетата и започнете да создавате култура на иновација и кохезивност која креира врвни перформанси, профит и здравје.

Организациската Култура е збирот на вредностите и верувањата на вработените во една организација. Истите се коренот на сите организациски однесувања внатре и надвор од компанијата.
Вредностите и однесувањата во културата можат да бидат позитивни (профит, одличност, визија, иновација….итн.) и лимитирачки (обвинување, бирократија, непотизам, алчност….итн.)

Организациска ентропија е уделот (или процентот) на лимитирачките вредности и однесувања кои се дел од целокупната култура во една организација. Организациската ентропија варира од многу ниска (под 10%) па се до многу ризично висока (над 40%). Дополнително организациската ентропија е непродуктивна енергија (зијан).
Пример: ако ентропијата во една организција е 25% тоа значи дека секој 4 ден е непродуктивен и дека доколку на плати на вработените отпаѓаат 10 000Евра, 2500Евра се потрошени или фрлени во секој момент.

Организациско Усогласување (organizational alignment) е степенот на усогласеност помеѓу:
1. личните вредности на вработените
2. вредностите во моменталната култура
3. вредностите во посакуваната – идеална култура

Усогласувањето може да биде многу ниско, средно и високо.
Степенот на усогласеност исто така го покажува степенот на усогласеност помеѓу стратегијата и културата.

Кај ниското усогласување, културата не ја поддржува доволно стратегијата – и затоа се вели КУЛТУРАТА ЈА ЈАДЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДОРУЧЕК.
Кај високото усогласување културата максимално ја поддржува стратегијата.

Култура и перформанси

Најдобрите компании се одликуваат со ниска организациска ентропија (под 10%) и високо усогласуване.
Лошите компании имаат висока ентропија (над 40%) и многу ниско усогласување.

Ако неможеш да измериш неможеш да менаџираш

На среќа, денес постојат извонредни алатки за мерење културата -клучниот фактор за успех на една организација.
Доколку не ја мерите културата вие едноставно не ја познавате доволно добро својата организација, незнаете колкава ентропија имате или колаво е усогласувањето во организацијата. Ова е извонредно ризично однесување кое би го споредил само со возење на велосипед со затворени очи.

Добри и лоши информации

Добра – Македонија е прва земја во југоисточна Европа која има направено мерење на културата во своите рамки. Во 2009 година е измерена културата на Скопскиот Плански Регион.

Лоша – Ниту една компанија во Македонија досега нема направено мерење на културата – кое на жал индицира дека културата едноставно не се менаџира во македонските комапнии.

Добра – Кога лидерите во Македонија свесно би се посветиле на менаџирање на културата, продуктивноста во македонските компании и воопшто во државата БДП може да се зголеми до 22 милијарди евра, а моментално нашиот БДП изнесува 11 милијарди Евра.

Лоша – Македонија, според мерењето од 2009 година има 48% ентропија со што на годишно ниво губиме 11 милијарди евра.

Добра Коуч Ера ви ги нуди најмоќните алатки во доменот на мерење и менаџирање на организациската култура кои досега ги користеле над 7000 компании ширум светот.

Лоша “КУЛТУРАТА ЈА ЈАДЕ СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДОРУЧЕК”

Извршните директори, сопстевениците на бизнисите, како и менаџерите за човечки ресурси имаат примарна улога во мерењето и менаџирањето на организациската култура.

============

Дознај повеќе:

КОУЧ ЕРА нуди услуги за мерење и менаџирање со организациската култра

Виктор Куновски е автор на книгата Дијамантско Лидерство

error: Content is protected !!